недела, 25 октомври, 2020
Реклама

Kолку е моќен македонскиот пасош?

Makedonski pasos

Веб страната passportindex.org објави податоци за новите најмоќни пасоши, со кои можете слободно да патувате без виза, или со кои може да се добие виза веднаш по пристигнувањето во друга земја.

Нов Зеланд оваа година ја освои престижната титула. Граѓаните кои го имаат пасошот на Нов Зеланд можат да влезат во повеќето земји без виза, дури во 129 од нив.

Минатогодишниот лидер, Јапонија, падна на второто место, а тоа место го делат со уште седум земји – Германија, Австрија, Швајцарија, Луксембург, Ирска, Јужна Кореја и Австралија. Оние со пасоши можат да влезат во 128 земји низ светот, додека на трето место се Франција, Шпанија, Италија, Шведска, Финска и Белгија (127).

Македонија се наоѓа на 16 место. Македонците можат да влезат во 99 земји без виза, или поточно во 62 без виза и 37 по пристигнување во друга земја.

Можеби ќе ве интересира: