понеделник, 17 јануари, 2022
Реклама

Тројца пациенти од велешката болница во тешка состојба префрлени на Инфективна во Скопје

Infektivno Veles 997x485

Двајца пациенти од велешката болница, со влошена здравствена состојба поради ковид-19, денеска се пренесени на Инфективната клиника во Скопје. Се работи за 55-годишен маж од Велес и жена од Свети Николе на 49-годишна возраст. Уште еден пациент со потешки симптоми на вирусот синоќа е префрлен во ковид центарот на скопската клиника.

Во моментов, на инфективното одделение во велешката болница се хоспитализирани 35 пациенти, со што е исполнет капацитетот на ова одделение. Од нив, 32 се потврдени позитивни на ковид-19, а тројца се водат како сомнителни случаи. 16 пациенти се од Велес, 11 од Свети Николе, по тројца се од Кавадарци и Неготино, и по еден пациент има од Демир Капија и Градско.

Agria

Од велешката болница велат дека е во тек подготовка за зголемување на капацитетот со болнички легла и организација на понатамошната работа со медицинскиот персонал.

Во последните 24 часа во Велес се откриени нови четири случаи на позитивни на коронавирус. Новозарзени се еден маж и три жени, кои, како што објави порталот „Дума“, во епидемиолошката анкета одговориле дека не знаат од каде се заразиле.

„Кластери веќе не можат да се дефинираат. Вирусот е широко распространет. Единствено што можеме да советуваме е да се применуваат мерките на заштита кои се состојат од задолжително носење на заштитна маска, често миење на рацете, употреба на дезинфекциони средства, граѓаните да не се групираат“, изјави за „Дума“ доктор Билјана Трајкова, епидемиолог на Центар за јавно здравје Велес.

Во Велес во моментов има вкупно 63 активни случаи, а само во последните девет дена во овој град се регистрирани нови 46 случаи на коронавирус. Од почетокот на пандемијата до денес, во овој град се регистрирани 385 заразен со коронавирус, од кои 306 се излекувани, а 16 пациенти починаа.

Можеби ќе ве интересира: