понеделник, 29 ноември, 2021
Реклама

Македонија до 21 година со гол во 94 минута одигра нерешено против Израел

Makedonija 21 Izrael

Македонската репрезентација до 21 година одигра нерешено 1:1 против Израел на домашен терен во натпревар од квалификациите за Европското првенство. Јани Атанасов со гол од слободен удар во судиското надополнување ја спаси од пораз македонската репрезентација.

Во 22. минута, гостинската репрезентација го отвори резултатот. По корнер за Израел, нашиот голман Јанков кратко ја одби топката, а на втората статива осамен се најде напаѓачот Шај Елијас и непречен од никого ја смести топката во голот на Македонија.

Agria

Во 55. минута, Изреал не искористи пенал. Митровски фаулираше во нашиот казнен простор, но Ристе Јанков извонредно го одбрани ударот од 11. метри на Алмог. 

Погодокот за израмнување го постигна Јани Атанасов во 94 минута, кога одлично шутираше од слободен удар за конечни 1:1.

Нашата млада селекција по осум натпревари во тековните квалификации останува на второто место на табелата со 14 бодови, два повеќе од денешниот противник. Шпанија е лидер со 19 бодови.  

Можеби ќе ве интересира: