сабота, 23 октомври, 2021
Реклама

Шопов со благодарност до РФМ и до Мукаетов: Ова ми дава сила и храброст да продолжам понатаму!

Шопов со благодарност до РФМ и до Мукаетов: Ова ми дава сила и храброст…

Поранешниот ракометен репрезентативец, велешанецот Тони Шопов се огласи по најавата дека РФМ ќе му донира 5000 евра, во обидот да обезбеди доволно пари за да може да замине на лекување во Турција.

Шопов се огласи на социјални мрежи си порака до РФМ и Мукаетов.

Agria

„Почитуван господин Мукаетов и почитувани членови на управниот одбор на РФМ. Чувствувам должност да Ви се заблагодарам за неизмерната поддршка и финансиска помош. Во овие моменти навистина сум изненаден колку човечноста се уште постои во сите нас, ова ми дава сила и храброст да продолжам понатаму“, напиша Тони Шопов.

Одличниот лев бек, кој кариерата ја почна во Борец, а играше и за неколку македонски, германски и португалски клубови, се бори со тешка болест, за чие лекување во странство се потребни околу 20.000 евра, па семејството побара помош од хумани граѓани и организации.

Досега преку социјалните мрежи и интернет страниците за донации за само три дена собрани се нешто над 15.000 евра, кои ги донираат хумани граѓани.

Можеби ќе ве интересира: