недела, 25 октомври, 2020
Реклама

Се зголемува бројот на пациенти со ковид-19 во велешката болница

Infektivno Veles 997x485

Се зголемува бројот на хоспитализирани пациенти на инфективното одделение во велешката болница. Денеска таму има 31 пациент, од кои 28 се потврдени дека се позитивни на коронавирус, а тројца се водат како сомнителни случаи и за нив се чекаат резултати од тестовите.

Седумнаесет пациенти се од Велес, осум од Свети Николе, по двајца има од Неготино и Градско и по еден од Кавадарци и Демир Капија. Од нив, 11 пациенти се со потешки симптоми на болеста и добиваат кислородна поддршка.

Од велешката болница информираат дека го зголемиле капацитетот на инфективното одделнеие за уште осум легла и сега тоа може да прими 54 пациенти.

Во Велес во моментов има 80 активни случаи со коронавирус, од кои 45 пациенти се лекуваат во домашни услови. Од почетокот на епидемијата до денес со вирусот се заразија 409 велешани. Од нив, 312 го победија вирусот, а 17 пациенти починаа.

Можеби ќе ве интересира: