недела, 25 октомври, 2020
Реклама

АЛАРМАНТНО: Рекорден број заразени во Велес, но и во целата земја по последното деноноќие

koronavirus skafanderi naslovna

Рекордни 17 нови случаи на ковид-19 во Велес за еден ден се регистрирани во најновиот извештај на Министерството за здравтсво. Нов рекорд е забележан и во земјава, откако се регистрирани 594 новозаразени. Новите случаи се регистрирани откако се направени 2617 тестирања.

И денеска повеќе од половина новозаразени доаѓаат од Скопје, каде што се регистрирани 303 случаи. Критично е и во Струмица каде има 34 новозаразени, но и во Тетово каде што има 26 и Куманово со 22 нови случаи. Во Прилеп се регистрирани 19, во Кочани и Битола по 18, во Велес и Кичево по 17, во Штип и Гевгелија по 13, во Струга и Гостивар по 12 и во Охрид 10 нови случаи.

Во останатите градови има едноцифрен број новоинфицирани и тоа во Кавадарци, Крива Паланка, Ресен и Валандово по седум, во Радовиш шест, во Дебар и Делчево по пет, во Пробиштип и Неготино по три, во Демир Хисар, Берово, Виница и Свети Николе по два и во Пехчево и Кратово по еден случај.

Во последните 24 часа регистрирани се тројца починати пациенти во болнички услови и то пациент од Куманово на 70-годишна возраст, од Прилеп на 67-годишна возраст и еден пациент од Богданци 75-годишна возраст.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 162 оздравени пациенти, од кои двајца се од Велес.

Досега во земјата се направени вкупно 219.158 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23201, бројката на оздравени пациенти е 17111, на починати е 824, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5266.

Можеби ќе ве интересира: