Две третини од хоспитализираните позитивни пациенти во велешката болница се на кислородна поддршка

infektivno veles
infektivno veles

Уште 15 слободни кревети има на инфективното одделение во велешката болница. Денеска таму се лекуваат 39 пациенти, од кои 29 се со потврден позитивен тест на кортонавирус, додека 10 се водат како сомнителни случаи. Дури 18 пациенти или две третини од потврдените случаи на ковид-19 имаат потешки симптоми и добиваат кислородна поддршка.

Поминаа два дена без смртен случај во велешката болница, откако во вторникот, средата и четвртокот починаа седуммина, како последница од ковид-19.

Agria

Денеска во Велес се регистрирани шест новозаразени, со што бројката на инфицирани од почетокот на епидемијата до денес изнесува 488. Оздравеа 330, а починаа 21 пациент. Во моментов активни се водат 131 случај.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: