
Разбојник нападнал 80-годишна старица од Велес вчера, кога околу 14:30 часот влегол во нејзиниот дом. Дрскиот разбојник прво физички ја нападнал, а потоа од ушите и ги скинал обетките, а и го украл и мобилниот телефон.
„На 28.10.2020 г. во СВР Велес било пријавено дека околу 14.30 часот едно лице физички нападнало 80-годишна жена во нејзиниот дом во Велес, и ѝ одзело накит и мобилен телефон“, соопштија од СВР Велес.
Полицијата извршила увид на местото на настанот, а по разбојникот се трага.
Можеби ќе ве интересира: