(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) На скопска гинекологија извадена циста тешка 90 килограми од стомак на 45-годишна жена

Циста тешка 90 килограми е извадена од стомакот на 45 годишна жена на Клиниката за гинекологија и акушерство. Жената дошла во тешка здравствена состојба.

Сторијата ја пренесе КАНАЛ 5 телевизија.

Agria

Според ковид протоколите жената била тестирана за корона вирус и била негативна. Тимот на медицински персонал со гинекологот Игор Алуловски и голем тим на анестезиолози операцијата ја правеле скоро пет часа.

Големината на цистата е досега најголема извадена од човек во Македонија, но и во Европа. Цистата почнала да расте од матката и се проширила низ целиот стомак, предизвикала и труење на крвта, а големината направила притисок врз ребрата и срцето. Пациентката се уште е во шок соба.

Според кажувањата на семејството жената скоро три години ги имала овие проблеми, но била исплашена и не сакала да оди на доктор.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Директорот на БЈБ во Велес: На патиштата има се’ повеќе тешки сообраќјни несреќи, неопходно е засилување на реакцијата на терен
Туфегџиќ бара ослободување на таткото на Вања: „Обвинителот се обиде да го претстави како нарко-зависник и неработник кој сакал само да дојде до пари“
21-годишник од Велес пријавил дека му се барале 20.000 евра под закана со пиштол