
Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 55-годишен велешанец, поради постоење на основано сомневање дека сторил продолжено кривично дело – Силување.
Осомничениот искористувајќи исти прилики, во два наврати со употреба на сила извршил обљуба врз 63 годишна жена од Велес. На 17.9.2020 околу 22.00 часот, осомничениот, кој и бил сосед на жртвата, се префрлил преку оградниот ѕид од улицата, влегол во дворот од куќата, па откако оштетената ја отворила влезната врата, тој влегол внатре и употребувајќи сила го извршил кривичното дело. Следниот ден, околу 11.30 часот, на истиот начин, го повторил кривичното дело.
Судијата на претходна постапка на Основен суд Велес го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Можеби ќе ве интересира:
