понеделник, 8 март, 2021
Реклама

Државниот здравствен и санитарен инспекторат не лоцира пропуст или одговорност за смртта на 41 годишната пациентка

Infektivno Stip

Вонредниот инспекциски надзор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат на штипско инфективно заврши. Според соопштението од досега утврдените факти нема лоцирано пропуст или одговорност. Топката сега е кај Министерството за здравство што треба да формира посебна Комисија што темелно ќе го истражи процесот на лекување на 41 годишната Руменка Довичинска од Берово, која почина во саботата по комликации од Ковид. Со решение на директорот на болницата му е наложено да ја свика и интерната комисија за следење на квалитетот на лекувањето.

“Директорот е задолжен во рок од три дена писмено да го извести ДСЗИ за наодот од извршената контрола на комисијата. Независно од работата на комисијата, инспекторатот ќе иницира стручен надзор над работата на здравствената установа и здравствените работници во врска со третманот на пациенката, до министерот за здравство“, велат од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Kegi Mobi

Директорот Ален Георгијев вели дека утре очекува резултати од  нивната интерна комисија. Најавува промени во организацијата на работата на инфективно, а од вчера веќе се обезбедени две нови дополнителни телефонски линии за пациентите.

„Да ги почекаме резултатите од Комисијата за да видиме имало ли пропусти во лекувањето. Можам само да потврдам дека ќе има организациски промени на инфективно“ вели за ТВ 24 Ален Георгјаев, директор на КБ Штип.

Вчера Георгијев за ТВ 24 рече дека немаат друг систем на алармирање за пациентите, па затоа ако тие имаат потреба од медицинска помош ги користат мобилните телефони.  Но пациентите од штипско инфективно  често пати се жалат дека никој не поминува да ги види и по неколку часа.

Денес на штипско инфективно се лекуваат 69 пациенти, 28 се на кислородна подршка. За нив на смена  освен лекарите вообичаено се грижат четири медицински сестри и двајца болничари.  Комисијата што ќе се формира во наредните денови треба утврди дали медицинскиот персонал им кревал слушалка на  пациентите и дали сите што побарале добиле соодветна грижа.

Освен во штипската начинот на лекување на ковид пациенти е под лупа на инспекторите во уште четири здравствени установи во земјава. Се истражува лекувањето за починати пациенти од Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка. А во наредниот период под надзор ќе биде лекувањето за уште четворица  Ковид пациенти.

Можеби ќе ве интересира: