понеделник, 8 март, 2021
Реклама

Во Црна Гора, 10 000 луѓе се заразени со ковид 19

Crna Gora podgorica

Повеќе од десет илјади жители на Црна Гора или 1,5 процент од вкупното население во моментов е заразено со коронавирус, а епидемиолозите предупредуваат дека Црна Гора влезе во црно сценарио и се очекува главниот град да се затвори наскоро.

Рестриктивните епидемиолошки мерки се во сила во Црна Гора од неделата, вклучително и полициски час од 21 до 5 часот наутро, забрана за собирање, движење надвор од општините е забрането за време на викендите, а претходно заштитните маски се задолжителни и на отворено и на затворено.

Kegi Mobi

Најтешка е ситуацијата во Подгорица, каде се заразени повеќе од пет илјади жители. Во сабота ќе се одлучи дали главниот град на Црна Гора, каде што живее третина од населението во земјата, ќе биде во карантин.

Црна Гора, беше прва земја која прогласи победа над коронавирус во Европа, во првиот бран на епидемијата. Од средината на март до почетокот на мај, имаше само 324 регистрирани случаи на инфекција и девет смртни случаи.

Можеби ќе ве интересира: