Реклама

Борец Баскет во недела против Баскет КАМ за продолжување победничката серија

Кошаркарите на велешки Борец Баскет викендов се пред нов предизвик и обид да ја продолжат победничката серија на стартот на Втората кошаркарска лига на Македонија. Во недела во салата „Гемиџии“ гостува тимот на Баскет КАМ во рамките на третото коло од првенството.

Велешани одлично ја отворија новата сезона со две убедливи победи, против Куманово на домашен терен со 95:76 и против Ролинг 08 во Струмица со високи 104:52. Сепак, и покрај фуриозниот старт, од таборот на Борец Баскет велат дека тимот сè уште се воигрува, бидејќи тројца нови играчи пристигнаа непосредно пред стартот на сезоната, а повеќе играчи имаа, а дел од нив и сè уште се мачат со повреди.

„Првиот вистински предизвик ќе биде натпреварот во недела против екипата на Баскет КАМ. Добро го познаваме противникот, кој во последните две сезони, успеа на два пати да ни откине бодови.
Сепак, овој пат очекуваме поинаков исход, трета победа и задржување на стопроцентниот учинок“, велат од Борец Баскет.

Поради пандемијата на ковид-19 натпреварот ќе се игра без публика во салата „Гемиџии“ во Велес, но навивачите на Борец ќе можат да навивааат од дома преку директниот пренос на фан страницата на клубот. Од Борец Баскет ги повикуваат навивачите да се вклучат и да ги поддржат кошаркарите во недела попладне со почеток од 17 часот.

Преносот ќе може да го најдете на Facebook фан страницата на Борец Баскет (www.facebook.com/borecbasketball), како и на фан страницата на Батали.нет и на Радио 5 ФМ.

Можеби ќе ве интересира: