Реклама

(ВИДЕО) Скопје и Охрид како Амстердам: Планот на Зоран Заев за легализација на марихуаната

zaev

Премиерот Зоран Заев е убеден дека декриминализацијата и легализацијата на канабисот/марихуаната може многу да им помогне на туризмот и угостителството. Неговиот план предвидува и вадење на парите од „под перници“, пренесува dw.com.

Кога зборува за политиката и особено во контекст на актуелниот историски спор и блокадата од Бугарија, Зоран Заев се обидува да биде максимално воздржан и смирен. Чувството е дека има уште многу да каже, но не сака. Прагмата и умереноста се супститут за политичкиот и личниот инстинкт. Но, кога при крајот на нашиот, речиси едночасовен, разговор, го прашувам за идејата за легализација на марихуаната, во премиерското столче седнува „друг” Зоран Заев.

Одеднаш, истиот Заев, кому до пред малку со „клешти“ му ги вадев зборовите во надеж дека ќе извлечам нешто „за наслов“, почнува да реди наслови како машините во старите, добри новинарски печатници.

„Тоа е дел од еден поширок економски пакет во којшто полагаме голема надеж“, вели премиерот. Ми делува дека не му пречи сугестијата во прашањето „ќе правиме ли Амстердам од Скопје?“, напротив, ја прифаќа со обете раце: „Зошто да не!“

„Целта е токму тоа. Да биде контролирано како во Амстердам и многу други градови во светот“.

„Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата постојни и нови, со почитување на одредени стандарди- вентилација, доказ за потекло на марихуаната и сл., да се овозможи консумација на марихуана внатре во нив“, вели премиерот. 

Дека идејата веќе е во сериозен процес деновиве потврди и министерот за правда Бојан Маричиќ, кој најави дека во дебатата за темата, покрај стручната јавност и експертите, ќе се вклучат и невладините, односно граѓанските здруженија. Она што е најважно, според Маричиќ, е да се избегне хаос во оваа сфера.

„Ќе се инсистира и ќе се обрне посебно внимание на еднаш донесените закони со кои ќе се регулира ова прашање, доследно и без исклучок да се спроведуваат во пракса, бидејќи во спротивно ќе се доведеме во опасност секој на свој начин да ја толкува декриминализацијата, а со тоа место ред да се воведе во хаос во ова сфера.” 

Целото интервју на премиерот Зоран Заев погледнете можете да го погледнете тука.

Извор: dw.com

Moжеби ќе ве интересира: