Реклама

Тројца велешани починаа од ковид-19, двајца во велешката болница и еден во „Жан Митрев“ клиника

veles mladinski

Тројца велешани се најновите жртви на коронавирусот денеска. Од нив, двајца починаа на инфективното одделение бво велешката болница, а еден пациент почина на клиниката „Жан Митрев“ во Скопје.

Утрово почина 88-годишен маж и 71-годишна жена, кои имале позитивни тестови на ковид-19. На клиниката „Жан Митрев“ во Скопје почина 62-годишна велешанка, која таму се лекувала од 9 ноември. Со последните три смртни случаи, бројот на починати велешани од ковид-19 оод почетокот на пандемијата се зголеми на 55.

Од велешката болница информираат дека таму се хоспитализирани 74 пациенти, од кои 64 имаат позитивни тестови на ковид-19, четворица се сомнителни случаи, а шестмина се негативни на тестовите, но имаат потреба од болничко лекување. Вкупно 28 пациенти имаат потечки симптоми и добиваат кислородна поддршка.

На инфективното одделение се хоспитализирани 48 пациенти, на одделението за физикална тепарија има 18, а на интерно одделение се лекуваат осум пациенти. Во моментов во Велес има 761 активен случај со коронавирус.

Можеби ќе ве интересира: