Реклама

Горивата од ноќеска со нови цени

pumpa-benzinska

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за промена на малопродажната цена на нафтените деривати во нашата земја.

Според новата одлука, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за половина денар односно ќе се продава за 59,50 денари/литар, додека цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува, односно останува на исто ниво од 61,50 денари/литар.

За половина денар се зголемуваат цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кои ќе се продаваат по цена од 51,50 денари/литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,099 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 27,481 денари.

Можеби ќе ве интересира: