Реклама

Со лекот „Фавира“ кој од неделава ќе биде достапен и во македонските аптеки ќе се лекуваат заразените со Ковид-19

Favira lek za kovid

Агенцијата за лекови одобри увозот на антивирусниот лек фавипиравир. Медикаментот кој се повеќе го бараат заразените со коронавирусот во Македонија треба да пристигне неделава, а лекот ќе се увезува од Турција и Јапонија.

„Следејќи ја актуелната состојба со која се соочуваме настаната со Ковид-19, поткрепено со се почестите барањата на лекари кои се вклучени во третманот на оваа болест, за достапност на лекот, Агенцијата за лекови и медицински средства одобри увоз и достапност лекот на favipiravir за крајните корисници-пациентите“, велат од Малмед.

Пациентите ќе можат да го обезбедат лекот само врз основа на рецепт и по препорака на лекар. Лекот не е одобрен за индикација на лечење на Ковид-19, па во таа насока, стручните лица апелираат, пациентите да не го користат овој лек по сопствено убедување и без препорака од лекар.

Досега овој лек го немаше во аптеките ширум нашата земја, па пациентите на нелегален начин го набавуваа пред се од Косово по цена и до 500 евра.

Можеби ќе ве интересира: