Реклама

Висок број на оздравени велешани во последните 24 часа

veles

Во Велес се регистрирани 25 нови позитивни случаи на коронавирус. Денес се регистрирани 86 оздравени велешани, со што бројката на активни случаи во Велес е 709.

По вчерашниот ден кога имаше 387 , денес повторно бројката на новозаразени е над илјада. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на ковид-19.

Состојба по градови на новозаразени за едно деноноќие е следната: Скопје-546, Куманово-38,  Штип-27, Прилеп-83, Тетово-30, Струга-24, Велес-25, Битола-41, Охрид-32, Кавадарци-18, Гостивар-48, Гевгелија-14, Струмица-9, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-4, Пробиштип-5, Демир Хисар-6, Македонски Брод -3, Пехчево-1, Берово-1,  Валандово-3, Виница-3, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-9, Кичево-28, Ресен-14, Неготино-11.   

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 998 оздравени пациенти, починати се 15 лица, шест пациенти од Прилеп (65, 65, 69, 69, 69 и 72г), пациент од Скопје (73г), од Дебар (60г), пациент од Велес (71г), пациент од Битола (64г), од Кавадарци (66г), од Демир Хисар (84г), од Свети Николе (56г), од Кичево (55г) и пациент од Ресен (84г). Сите пациенти се починати во болнички услови. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 56164, бројката на оздравени пациенти е 33892, на починати е 1561, а бројот на активни случаи изнесува 20711.

Можеби ќе ве интересира: