вторник, 29 ноември, 2022
Реклама

19 нови заболени со коронавирус во Македонија

Нови 19 случаи на заболени од коронавирус се откриени, откако стигнаа тестовите кои беа земени вчера. Ова е состојбата со заразени граѓани на Македонија до 10 часот, објави министерот за здравство Венко Филипче.

„Состојбата со коронавирусот во земјата до 10.00 часот – 19 новозаболени на коронавирус – бројката на дијагностицирани пациенти во земјата е 67 лица. Вчера попладне и во текот на ноќта преку Институт за јавно здравје на коронавирус беа тестирани 71 лице. Од нив 2 лица се позитивни на вирусот, едно лице од Скопје – контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје и едно од Охрид – дојдено од Бреша, Италија кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирус во Италија. Најголем дел од тестирањата направени преку ИЈЗ се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација. На клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот“, напиша Филипче на својот Фејсбук профил.

Agria

Со тоа, бројот на заболени во Макеоднија се искачи на 67.