понеделник, 8 март, 2021
Реклама

Коцевски: Состојбата со коронвирусот во градот се стабилизира

Ace Kocevski 11.06.2020-1

Состојбата со коронавирусот во Велес не е стабилна но полека се стабилизира, оцени Општинскиот кризен штаб, кој утрово одржа состанок. Оттаму очекуваат во следните денови да има варијации во бројот на заразени пред се поради престојните празници.

Градоначалникот Аце Коцевски упати апел до граѓаните, строго да се придржуваат до препораките, да носат заштитни маски, да одржуваат хигиена, да одржуваат меѓусебно растојание и да не се групираат, особено не пред големиот верски празник Свети Никола и новогодишните и божиќни празници.

Kegi Mobi

На инфективното одделение на велешката болница во моментов се лекуваат 53 пациенти, осуммина се лекуваат на приватни клиники, досега се починати 80 велешани.

Во Велес во моментов има 678 активни случаи со коронавирус, а денеска се регистрирани 22 оздравени пациенти и нови 11 позитивни случаи на ковид-19.

Можеби ќе ве интересира: