
Гостилница Боем повторно ја активира акцијата „Условен оброк“. Од гостилницата велат дека околностите во кои живееме ја оправдуваат оваа акција во целост и во деновите кои претстојат, храната е потребна како никогаш досега.

„Планирани се две акции на делење на оброци. Првата на денот на дочекот на новата 2021 година и втората на Бадник, во новата 2021 година. Логистичката поддршка ќе биде обезбедена од страна на волонтери на црвениот крст. Организатор и главен донатор на оваа акција е господинот Панче Ќумбев со семејството, кој е веќе традиционален поддржувач на акцијата и самата гостилница Боем. Денеска се поделија 600 топли оброци на социјално загрозени лица и лица со ниски примања“, велат од Гостилница Боем.
Оттаму апелираат до граѓаните да го споделуваат овој настан што повеќе на социјалните мрежи, но и да бараат други начини како да ги информираат луѓето на кого храната им е најнеопходна, бидејќи таа категорија граѓани ретко користи социјални мрежи.

„Дојдете до гостилницата, подигнете оброк и однесете го до нивниот дом. Секој заслужува свечен оброк на денот на новата година. Можност за помош во било која од овие акции е кутијата за донации пред гостилницата или во самата гостилница, каде што можете да купите ‘Условен оброк’“, велат од Боем.
Од гостилницата инфорираат дека изборот на храна ќе биде адаптиран и за лицата од муслиманска вероисповед, но и за оние кои се уште ги следат христијанските божиќни пости.
Можеби ќе ве интересира:
