Реклама

Само еден велешанец пријавил дека не му бил исплатен К-15

Рокот за исплаќање на регрес за годишен одмор или попознат како К-15 заврши со последниот ден од 2020 година, но овие пари не ги добиле голем број граѓани. Дел од нив на социјалните мрежи се пожалија дека или не им бил исплатен или била исплатена сума од илјада денари, па се до еден денар.

Тоа е и причината поради кои за само една недела има 135 пријави од неисплатени или само делумно исплатени работници.

Од нив најмногу има во Скопје, 71, потоа следуваат Штип со 12, 8 за Кичево, 6 за Прилеп, по 5 за Охрид, Струга и Тетово, 4 за Кавадарци, по 3 за Битола, Куманово и Ресен, по 2 за Струмица и Гостивар и по 1 за Велес, Кочани, Росоман, Пробиштип, Радовиш и Делчево. Од вкупно 135 пријави дури 97 биле поднесени од анонимен подносител, а само 38 од познат подносител.

Според Државниот иснпекторат за труд се очекува жалбите да се зголемуваат во текот на овој месец. До сега, за неисплатен К15 од 2019 се изречени 244 казни за работодавачите, додека за 2020 допрва ќе се работи.

Можеби ќе ве интересира: