четврток, 21 јануари, 2021
Реклама

Нов смртен случај од ковид-19 во велешката болница

bolnica veles

Уште еден пациент ја изгуби битката со коронавирусот. Во велешката болница починал пациент на 74 години од Градско, лекуван на инфективното одделение една недела. Тој е 97 починат велешанец како последица од коронавирусот од почетокот на пандемијата

Во велешката болница денеска се хоспитализирани 34 пациенти, од кои 26 имат потврден позитивен тест за ковид-19, четири се сомнмителени на вирусот додека четири се со негативен тест. На кислородна поддршка се 14 пациенти. Како оздравени, со по еден негативен брис, денеска од болницата се испишани четири пациенти. На инфективното одделение се лекуваат 29 пациенти, и на интерното одделение има пет пациенти

Од почетокот на пандемијата до денеска, во Велес е регистрирани 2860 заразени со коронавирус, а активни се 390 случаи.

Можеби ќе ве интересира: