Реклама

Велешанец пријавен дека принудувал сограѓанка на групен секс

siluvanje

Велешанка на 30-годишна возраст пријавила во полиција дека минатиот месец била принудувана да има секс со повеќе лица. Во својот исказ пред полицијата вчера, таа рекла дека 56-годишен велешанец во неговиот стан ја терал да има сексуални односи со него, но и со негови пријатели.

„На 10.01.2021 во 20.00 часот во полициската станица Велес К.Т.(30) од Велес пријавила дека, во текот на декември 2020 год. од страна на Д.С.(56) била принудувана да има сексуални односи во неговиот стан со него, неговиот пријател и повеќе други лица“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира: