
Пациент на 66-годишна возраст почина во велешката болница како последица од компликации со ковид-19. Тој две недели претходно се лекувал на инфективното одделение во болницата. Со новиот смртен случај, од почетокот на пандемијата до денеска се регистрирани 99 починати од ковид-19.
Од велешката болница информираат дека во моментов таму се хоспитализирани 40 пациенти поради ковид-19, од кои 34 се на инфективното одделениа, а шестмина на интерното одделение. Од нив, 30 имаат потврдени позитивни тестови, тројца се сомнителни, а седуммина имаат негативни тестови, но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 14 пациенти.
Од почетокот на пандемијата во Велес со коронавирус се заразија 2949 граѓани. Од нив, 2484 оздравеа, а 363 случаи се се уште активни.
Можеби ќе ве интересира:
