понеделник, 1 март, 2021
Реклама

(ВИДЕО) Гемиџии повикаа на мирен протест во петок за поддршка на Борец

На полувремето од денешниот пријателски фудбалски наптревар помеѓу Борец и Работнички, прес конференција одржаа членовите на навивачката група Гемиџии, кои уште еднаш повикаа да се решат недоразбирањата меѓу ФК Борец и ОФС Велес во интерес на фудбалот во градот. Воедно, тие најавија мирен протест во петок, во 16 часот на платото пред театарот „ЈХК ЏиноТ“ во Велес, на кој ги повикаа сите искрени љубители на фудбалот и навивачи на Борец, од кој ќе се испрати порака за поддршка на велешкиот фудбалски прволигаш.

„Бог се јави, честит и вечен празникот Богојавление, ви посакуваме на сите здравје среќа почит и верба, верба кон Возвишниот, но и верба и лојалност кон светото име Борец. За нас ова е свето, светлина во секој поглед, успех или пораз, прослава или тага, се во едно – живот. Во животот поминуваме низ многу возрасти, детство, радост, пубертет лудост, млада сериозност, факултет и дружби, сериозност работа, родителство, среќа, среќни нервози на своите деца и на крај старост, пак лудост, но ниедно дејствие од животот не поминува без нашата светлина Борец, име кое со поколенија се пренесува од 19 век. Верност, лојалност, љубов, нервози на еден Амбасадор, кој е негуван и подржуван од поколенија, се до денес, кога ние застануваме пред него во одбрана. Застануваме во одбрана и подршка на клубот безвратна. Крајно време е да се змислиме како нација граѓани, пред се луѓе што сакаме и во што веруваме. Упатуваме апел до раководството на Општински фудбалски сојуз да ги преиспитаат одлуките на последното годишно собрние и во најбрз можен рок да донесете спортска одлука во интерес на градот, во интерес на велешани и во интерес на Борец. Борец да го продолжи патот по кој оди и да ги совлада сите предизвици со наша безрезеевна поддршка и помош. На велешани им ја искажуваме нашата подршка. Нашата подршка е на страната на клубот, ние не напаѓаме никого, едноставно браниме. Браниме оставштина од нашите предци и аманет за идните поколенија. Во меѓувреме најавуваме протести во име на светото име Борец, единствената светла точка во градот и нема да дозволиме 4 гласа за смрт на Борец да ја згаснат нашата ѕвезда водилка. Го повикуваме секој гледач симпатизер навивач на ден 22.01.2020 година, петок, на мирен протест да изразиме подршка за клубот. Протестот ќе биде по сите препораки од владата со носење на заштитна маска и растојание и ќе се одвива во временски интервал од 16 до 18 часот пред театарот“, велат од НГ Гемиџии.

Kegi Mobi

Реакцијата доаѓа само неколку дена откако сопственикот на Брако и главен спонзор на Борец, Кочо Анѓушев најави дека е можно да престане да го спонзорира клубот, револтиран од, како што рече, односот на ФФМ, но и на велешките делегати во Фудбалската федерација кон Борец и побара ново изборно Собрание на ОФС Велес, на кое ќе меѓу делегатите ќе има и претставник на Борец. Претседателот на ОФС Велес Лазар Ракиџиев вчера изјави дека не сака Анѓушев да си замине од Борец, но дека нема намера да свикува ново изборно Собрание. Овој спор создаде неизвесност околу иднината на велешкиот прволигаш.

Можеби ќе ве интересира: