
Трендот на намалување на хоспитализирани пациенти со ковид-19 во велешката болница продолжува. Денеска таму се регистрирани 17 болнички згрижени пациенти, што е за осум помалку од вчера. На инфективното одделение се хоспитализирани 15 пациенти, а на интерното одделение има двајца пациенти кои се лекуваат со последици по прележан Ковид.
Од вкупниот број, 15 имаат потврдени позитивни тестови, а двајца се сомнителни на вирусот, но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се седум пациенти.
Можеби ќе ве интересира: