
Крводарителите од Општина Чашка се одзваа на првата крводарителска акција во 2021 година. Во големата сала на Основното училиште „Тодор Јанев“ даруваа 22 крвни единици. Тоа е добар почеток на годината ако се имаат во предвид условите и пандемијата во која се наоѓаме.
Традиционално крводарителската акција заеднички ја оргнизираат Црвен крст на Македонија Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, помогнати од Општина Чашка и ООУ „Тодор Јанев“.
Во текот на минатата година во Чашка се одржаа две крводарителски акции на кои се даруваа вкупно 54 крвни единици.
Можеби ќе ве интересира: