понеделник, 1 март, 2021
Реклама

(ВИДЕО) Борец со пораз го отвори пролетниот дел од сезоната

Борец со пораз го отвори пролетниот дел од фудбалското првенство. Денеска како домаќин загуби од фаворизираниот Шкупи со минимални 0:1, во натпревар без многу убавина и со малку шанси за гол.

Иако гостите од Скопје го диктираа темпото и имаа поголем посед, во првото полувреме се играше помеѓу два шеснаесетника, а првата сериозна шанса гостите ја имаа во 20 минута, кога по слободниот удар, Региналдо ја погоди стативата.

Kegi Mobi

Борец беше повеќе фокусиран на одбрана, а тактиката со противнапади да се загрози голот на гостите не донесе резултат.

Второто полувреме почна со иста игра како во првиот дел, а на првата шанса се чекаше до 65. минута. Тогаш повторно Региналдо во главна улога, но овој пат голманот на велешани Георгиевски со рефлексна интервенција спречи водство на гостите.

Сепак, Шкупи го засили темпото и го притисна Борец во својата половина, па голот некако „висеше во воздух“. Во 79. минута Билали се проби по десната страна во шеснаесетникот на Борец, центрираше до Региналдо, кој со глава ја погоди стативата, а на одбиената топка натрча Цветановски, кој ја смести во празната мрежа.

До крајот, тренерот на велешани Борче Христов со неколку измени се обиде да ја освежи екипата, но тоа не донесе промена на резултатот. По 19. коло Борец падна на 7. место на прволигашката табела. Во следното коло во недела велешани имаат тешко гостување во Скопје на екипата на Македонија Ѓ.П.

Можеби ќе ве интересира: