понеделник, 1 март, 2021
Реклама

Ново зголемување на цените на горивата

benzin

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе стапат на сила од полноќ.

Согласно одлуката, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 64,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 66,00 ден/лит.

Kegi Mobi

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) oд полноќ ќе изнесува 55,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 44,00 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира: