понеделник, 1 март, 2021
Реклама

И денес во ковид статистиката двоцифрена бројка на заразени во Велес

bolnica veles

И денес двоцифрена бројка на заразени од ковид-19 во Велес. Во ковид статистиката на Министерството за здравство регистрирани се 16 нови случаи на ковид-19 во Велес. Оздравени се десетмина. Бројот на активни случаи во градот е 218.

Во последните 24 часа се направени 2 813 тестирања, а регистрирани се 509 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство.

Kegi Mobi

Новите случаи се регистрирани во Скопје – 285, Прилеп – 37, Кавадарци – 29, Охрид – 24, Велес – 16, Тетово – 11, Битола и Крива Паланка  – по 10, Струга и Гевгелија – по 9, Куманово и Неготино – по 8, Кочани и Крушево – по 7, Гостивар и Штип – по 6, Ресен, Делчево и Берово – по 4, Пробиштип, Кратово и Богданци – по 3, Свети Николе и Валандово – по 2, Струмица и Радовиш – по 1.

Регистрирани се 354 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се 4 пациенти од Скопје  (71г, 66г, 63г, 55г) и по еден пациент од Охрид  (67г), Куманово (68г), Кочани (85г), Делчево (61г), Демир Хисар  (84г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.917, бројката на оздравени пациенти е 90.096, на починати е 3.085, а бројот на активни случаи изнесува 6.736.

Можеби ќе ве интересира: