Реклама

Како да ги поттикнете децата да јадат здрава храна, особено зеленчук?

Dete jade zelencuk

Одговорот го дадоа американски научници кои утврдија дека со зголемување на количината на зеленчук што им се нуди на децата како предјадење за ручек, се зголемува и неговиот внес како прилог со главното јадење.

Во истражувањето на американски научници бил забележуван внесот на зеленчук од 51 дете во градинка во четири наврати. Децата биле поделени во четири групи: првата група не добила предјадење, втората добила 30 гр, третата 60 гр и четвртата 90 гр моркови за предјадење, пишува порталот majkaidete.mk.

Agria
Kegi Mobi

Децата кои добиле 30 гр моркови како предјадење се зголемил внесот на брокула, послужена како гарнир на главното јадење, за скоро 50 проценти во споредба со децата кои не добиле моркови како предјадење. Децата кои добиле 60 гр моркови за предјадење, го зголемиле тројно внесувањето на брокула.

Резултатите од студијата се спротивни со традиционалното верување дека децата не сакаат да јадат зеленчук. А еве и идеи за родителите за тоа како да ги навикнат своите деца на здрава и избалансирана исхрана.

Извор: majkaidete.mk

Можеби ќе ве интересира: