понеделник, 12 април, 2021
Реклама

Опасниот отпад од крзнарата „Димко Митрев “ почна да се извезува

Опасен отпад од фабриката за производство на крзно и крзнени производи АД „Димко Митрев“, кој  претходно завршуваше во река Вардар, одсега се извезува. На 26 март годинава, се извезе првата количина од овој отпад од 21,5 тон кој се создава од обезмастување на кожите и истиот содржи растворувач прехлоретилен.

За да добие Б-Интегрирана дозвола, Крзнарата „Димко Митрев“ имаше обврска опасниот отпад да го собира во пластични танкови и да го складира на локацијата се до неговото предавање. Истовремено менаџментот обезбеди документација и дозволи за прекугранично отстранување на отпадот преку Србија, Хрватска, Словенија и Австрија како крајна дестинација на отпадот

Kegi Mobi

Документите се комплетирани во согласност со регулативата на Европскиот парламент и Европскиот совет за испорака на отпад, Националниот закон за ратификација на Базелската конвенција за контрола и прекуграничкно движење на отпадот и Законот за управување со отпад. Дозволата е издадена за извоз на 50 тони опасен отпад, што значи дека до крајот на годината ќе се извезе уште една количина од опасниот отпад.

Можеби ќе ве интересира: