Реклама

Се зголемува бројот на хоспитализирани пациенти, од денес во фунција е ставено и Физикалното одделение, а еден пациент почина

nova fotka Bolnica Veles 997x485

Од денес повторно во фунција е пуштен одделот за Физикална терапија кој ќе биде наменет за Ковид-центар, и истиот располага со 25 болнички кревети.Во истиот засега нема хоспитализиран ниту еден пациент.

Бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница во моментов е 98. Од нив, 89 имаат потврдени позитивни тестови, пет пациенти се сомнителни на вирусот, и четири имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.

Kegi Mobi

На кислородна поддршка се 49 пациент. На инфективното оддееление има 51 пациенти, на интерното шест и во Модуларната болница се лекуваат 41 пациенти.

Еден пациент на 58-годишна возраст е транспортиран за Скопје во приватната болница Жан Митрев.

Испишан е еден пациент како оздравен  со по еден негативен тест.

Од болницата известуваат дека е почината 52 годишна жена од с. Раштани откако бил лекувана еден ден на Интерното одделение.

Можеби ќе ве интересира: