Реклама

Се намалува бројот на новозарзени велешани, повеќе оздравени од заразени

Veles od Crna Djamija

Во ковид статистиката на Министерството за здравство, во Велес се регистрирани нови 31 позитивни случаи на коронавирус. Оздравени се 43,починат е еден пациент на 84 годишна возраст. Бројот на активни случаи во Велес е 835.

Во последните 24 часа се направени 3.050 тестирања, а регистрирани се 687 нови случаи на КОВИД-19 во:

Kegi Mobi

Скопје – 310, Куманово – 55, Битола – 35, Прилеп, Охрид и Струмица по – 33, Велес – 31, Кавадарци и Тетово по – 23, Гостивар – 19, Штип и Кочани по – 17, Свети Николе – 11, Кичево, Ресен и Виница по -7, Неготино – 6, Гевгелија и Македонски Брод по – 4, Струга – 3, Богданци – 2, Крива Паланка, Делчево, Пробиштип, Демир Капија, Демир Хисар, Кратово и Дојран по – 1.

Регистрирани се 1.347 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 46 починати лица: 13 од Скопје (51г, 59г , две лица на 63г , 65г, 69г, 71г, две лица на 72г, 81г, 82г, 84г, 87г), од Битола – 6 (53г, 67г, 70г, 72г, 78г, 90г), од Тетово – 4 (44г, 65г, 78г, 84г), по 3 починати пациенти од Куманово ( две лица по 70г и 76г), Прилеп (34г, 68г и 73) и Струмица (72г, 76г, 82г), по 2 од Штип (72г, 74г), Радовиш (47г, 70г) и Виница (62г, 76г), по 1 од Велес (84г), Кавадарци (84г), Охрид (59г), Струга (86г), Неготини (89г), Кратово (85г), Македонски Брод (76г) и Македонска Каменица (77г) . Од починатите пациенти, 43 се починати во болнички услови, а 3 лица во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 141.844, бројката на оздравени пациенти е 116.780, на починати е 4.228, а бројот на активни случаи изнесува 20.836.

Можеби ќе ве интересира: