
Хуманитарна помош за пет членото семејство кое има три мали дечиња во велешкото село Владиловци. Двајца волонери на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес ја доставија до ова населено место оддалечено 30-тина километри од градската средина.
Хуманитарната помош се состоеше во пакети со храна, средства за хигиена, облека и покуќнина. Ја донираа вработените во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“ по повод 15-ти Април Денот на единицата.
Mожеби ќе ве интересира: