
Полицијата утрово го приведе Драги Рашковски, доскорашниот секретар во премиерскиот кабинет поранешниот генерален секретар на Владата. Заедно со Рашковски е приведен и Даниел Станчески, сопственикот и управител на фирмата „Инвока гроуп”.
Приведувањето е по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое донело наредба за истрага во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци, кој не го користи ниедна институција.
Официјални информации се најавуваат во текот на денов, а најавено е и соопштение од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Mожеби ќе ве интересира: