Наместо Велес, Струмица домаќин на Сребрената европска лига во одбојка

Odbojkarska reprezentacija na Makedonija

Струмица и спортската сала Парк ќе бидат домаќини на завршницата од Европската сребрена лига на почетокот на јуни годинава а во мај домаќин на групата во која игра Македонија.

Иако се најавуваа интензивни разговори со Велес, градот Струмица ќе биде домаќин на турнирот во Сребрената европска лига на кој настапува и нашата најдобра одбојкарска селекција, репрезентацијата на Македонија.

Agria

Како што е познато Македонската одбојкарска репрезентација во Европската сребрена лига се најде во групата А во која се и репрезентациите на Данска, Израел и Кипар. Во втората група се Хрватска, Австрија, Унгарија и Луксембург.

Најдобрите три селекции во групите, плус Македонија како домаќин, ќе играат за медали на завршницата во 5 и 6 јуни. Нашиот национален тим досега во Европската лига нема златен медал, нешто што се посакува подолго време.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: