ЕУ одлучи: Македонија добива датум за преговори

mkd_eu
mkd_eu

Земјите членки на ЕУ денеска постигнаа политички договор за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија. Оваа одлука ја донесоа министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ, на денешниот онлајн состанок.

Веста ја потврди и комесарот за проширување на ЕК Оливер Вархеји кој на својот твитер профил напиша:

Agria

„Задоволен сум што земјите членки на ЕУ денеска постигнаа политички договор за отворање преговори со Албанија и Северна Македонија. Им честитам на двете земји“.

Ова, според него е гласна и јасна порака до Западен Балкан: Вашата иднина е во ЕУ.

И терманскиот министер за Европа Михаел Рот на твитер изрази задоволство од одлуката донесена денеска.

Денешната одлука се смета за најрелевантна за тоа дали Македонија по 15 години чекање ќе ги започне преговорите, а на 26 март треба само да биде формално потврдена.

Се очекува Европскиот совет на 26 март да ги одобри пристапните преговори со двете соседни земји од Западен Балкан.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: