Реклама

Уапсен велешки лихвар

uapsen

Велешката полиција уапси 44-годишен маж, кого го сомничи за лихварство. Го пријавил велешанец, кој му дал банкноти кои биче обележани, соопшти СВР Велес.

“На 28.04.2021 околу 15.40 часот на ул.„Петре Прличко“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.С.(44) од Велес поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Тој бил лишен од слобода  при земање обележани банкноти, а по претходна пријава на 33-годишен маж од Велес дека во периодот од мај 2020 до април 2021 година за земени 100 евра во денарска противвредност поради притисоци и закани на А.С. му вратил околу 30.000 денари, а му побарувал уште 90.000 денари како камата“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Kegi Mobi

Врз основа на судска наредба, полицијата извршила претрес во домот на А.С. при што пронашла и одземала четири мобилни телефони и документација (нотарски акти за недвижен имот и уплатници за трансфер на парични средства во износ од околу 4.000.000 денари).

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Можеби ќе ве интересира: