Реклама

Сообраќајна незгода на автопатот Велес-Скопје веднаш после патарината „Отовица“

avtopat veles-skopje

Сообраќајна незгода се случи утринава каде што камион удри во еден од мостовите кои веднаш се наоѓаат после велешката патарина „Отовица“ на автопатот Велес-Скопје.

Во моментов нема информации како е дојдено до несреќата, ниту дали има повредени лица.

Kegi Mobi

Полицијата е на терен и врши увид на местото на несреќата, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Повеќе информации очекуваме во текот на денот.

Можеби ќе ве интересира: