недела, 4 декември, 2022
Реклама

(ВИДЕО) Двајца струмичани уапсени пред камерите на регионалната телевизија

Двајца струмичани кои не го почитувале полицискиот час се уапсени синоќа и тоа пред камерите на струмичката телевизија „ВИС“ која во тоа време вршеше директен пренос на фејсбук.

Двајцата прво тврдат дека биле до соседниот дуќан и дека се свесни дека не смеат да го напуштат домот. Полицијата ги уапси, поради прекршување на забраната за движење која важи за сите граѓани, во периодот од 21 до 5 часот наутро.

Agria

Од она што се гледа на снимката, двајцта струмичани пружат умерен отпор кон полицијата, но по неколку наредби тие влегоа во автомобилот.

Апсењето погледнете го на 20:10 од видеото.