Реклама

Совозач е повреден во излетано возило близу велешкото село Извор

soobrakajka veles gradsko

64-годишен кочанчанец извлече жива глава, кога денеска околу 12:30 часот, се возел на совозачкото седиште во автомобил Ауди, чиј возач по патот Село Извор – Велес, во близина на мостот на Бабуна кај село Стари Град, изгубил контрола, излетал од патот и паднал во канал за наводнување.

СВР Велес го потврди инцидентот. Оттаму велат дека причините за незгодата се уште не се познати.

Agria

Сопатникот во возилото се здобил со телесни повреди и е задржан на лекување во болницата во Велес. 

„Денес околу 13 и 30  од страна на ИМП на одделот за Хирургија донесено е лице  на 64 годишна возраст, од Кочани, повредено во сообраќајна несреќа, пациентот се здобил со повреди на глава и граден кош, задржан е на опсервација“, рече др. Елеонора Јованова, портпарол на велешката болница.

Можеби ќе ве интересира: