Општина Велес ќе прави анкета дали има интерес за организиран превоз до езеро Младост

Ezero Mladost
Ezero Mladost

Општина Велес ќе направи неколкудневна анкета преку средствата за јавно информирање со цел да се утврди колкав е интересот на граѓаните за посета на езерото Младост со организиран превоз.

Во зависност од бројот на заинтересирани граѓани кои ќе сакаат летните денови да ги поминат на езерото, ќе се утврди дали општината ќе организира превоз само во деновите од викенд или пак и за време на работните денови.

Agria

„Тогаш ќе се знае во кои денови ќе се обраќаат автобусите, во колку часот ќе тргнуваат, како ќе биде организирана линијата, на кои автобуски постојки ќе можат да се качуваат и кога ќе биде враќањето од езеро назад  кон Велес, за да им излеземе во пресрет на граѓаните и да го направиме езерото Младост што подостапно за нив, посебно сега откако ќе завршат преостанатите активности од Паметно езеро Младости и откако ќе биде дограден детскиот забавен парк за деца со попречености“, истакна радоначалникот Коцевски.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: