Реклама

Десетина разбојници во велешко запреле автомобил „бе-ем-ве“ и го украле

policija vozila

Во велешката полиција синоќа околу 21 часoт бил пријавен насилен инцидент кој се случил во велешкото село Бузалково.

Според пријавата, извесен Ј.Ј. заедно со уште десетина лица физички ги нападнале Б.А.(22) и Г.А.(24), двајцата од селото Горно Јаболчиште во општина Чашка, при што им одзеле автомобил „бе-ем-ве 320“, во кое се превезувале оштетените.

Текстот продолжува под рекламите

Agria

За настанот е известен и јавен обвинител, а на местото на инцидентот увид извршила екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира: