Реклама

Апелација ја потврди пресудата за „Рекет“: 9 години во затвор за Боки-13, 7 години за Јанева

Апелациониот суд Скопје, донесе одлука со која ја потврди првостепената пресуда за Рекет за 9 години затвор за Бојан Јовановски и седум години затвор за Катица Јанева. Нивните жалби, ги одби како неосновани. Јовановски и Јанева моментално се во куќен притвор.

Тие имаат уште една можност да го одложат издржувањето на казната затвор, со поднесување жалба до судијата за извршување на санкции. Токму судијата за извршување на санкции треба да го прецизира датумот кога Јовановски и Јанева треба да почнат да ја издржуваат затворската казна и дали има услови да го одложат одењето во затвор.

Agria

Во „Рекет“ Јовановски е осуден за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева за злоупотреба на службената положба и овластување.

Во истиот случај со нив, за примање награда за противзаконито влијание, беше обвинет и Зоран Милески-Кичеец, но тој уште на првото рочиште во декември 2019 призна вина и доби затворска казна од 3 години затвор. Таа е правосилна и од октомври лани тој ја издржува во Казнено-поправниот дом (КПД) во Струга.

Според обвинението, а и првостепената пресуда за „Рекет“, откако во ноември 2018 СЈО ја отворило истрагата „Империја“, биле барани пари од осомничениот бизнисмен Орце Камчев, со цел тој да добие повластен третман, како укинување на притвор, враќање на пасошот, но и евентуално својство на заштитен сведок или склучување спогодба. Обвинителството тврдеше, а судечкиот совет смета дека е докажано, дека од Камчев биле изрекетирани 1,5 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира: