Реклама

15 нови случаи на ковид-19, нема починати лица

Kovid so maski

Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа во Велес не е регистриран нов случај на коронавирусот. Нема активни случаи на ковид-19 во градот.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2550 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на ковид-19: Скопје – 10, Куманово и Дебар – по 2, Тетово – 1.

Agria

Регистрирани сe шест оздравени пациенти, не се регистрирани починати лица.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 965, бројката на оздравени пациенти е 150 243, на починати е 5488, а бројот на активни случаи изнесува 234.

Можеби ќе ве интересира: