понеделник, 20 септември, 2021
Реклама

Бесмир Даци во средниот ред на Борец

Тимот на Борец, следната сезона како опција за линијата за врска ќе го има младиот и талентиран Бесмир Даци.

Момчето родено 2004 годиште, е млад но исклучително талентиран играч за врска кој во очите на тренерот Борче Христов падна веднаш штом им пристапи на велешани.

Текстот продолжува под рекламите

Agria

Даци ги одигра грото од пријателските средби за Борец летово, имаше солидна минутажа и ќе биде секако сериозна опција за У21 играч со кого многу од екипите мака мачат во првата лига.

Текстот продолжува под рекламата

Тоа со оглед на квалитетите на Даци нема да биде тема во Борец следниот период. Даци е член ан Македонската репрезентација до 17 години.

Можеби ќе ве интересира: