понеделник, 20 септември, 2021
Реклама

Новата фудбалска сезона Борец ја отвoра во Скопје кај Работнички

Renova Borec

Во „Куќа на фудбалот“ денеска беше одржана ждрепка и одреден распоредот на натпревари за новата натпреварувачка сезона во Прва македонска фудбалска лига. 

Фудбалерите на Борец во првиот натпревар од новата сезона му гостува на Работнички во Скопје. Актуелниот шампион Шкендија ќе гостува во Кавадарци против Тиквеш. Екипата на Брегалница воведниот натпревар ќе го одигра на домашен терен против  Шкупи. Скопје ќе гостува кај Ренова, Македонија Ѓ.П. ќе се соочи со Пелистер. Во Струмица, Академија Пандев ќе игра со Струга Трим Љум.

Agria

Новото издание на Првата македонска фудбалска лига ќе стартува на 7/8 август.

Можеби ќе ве интересира: