понеделник, 20 септември, 2021
Реклама

Велешанец, баран со меѓународна потерница е уапсен на преминот Ќафасан

Службите на Граничната полициска станица Ќафасан, како резултат на континуираната размена на информации со Интерпол Тирана, при влез на територијата на Република Албанија, го уапсија П.Л.(38) жител на Велес, Северна Македонија.

Верификацијата покажа дека словенечките судски органи издале меѓународна потерница по ова лице за сторено кривично дело „кражба”, стои во полициското соопштение.

Agria

Албанските власти ја спроведуваат потребната постапка за негова екстрадиција во Словенија.

Можеби ќе ве интересира: